Вести
Грчките земјоделци ги отстрануваат блокадите
Грчките земјоделци почнаа да ги повлекуваат блоикадите од патиштата откако премиерот Алексис Ципрас им вети дека Владата ќе се обиде да постигне подобар договор со меѓународните кредитори за пензиските реформи.
– Денеска ние официјално ставаме крај на блокирањето на патиштата, изјави лидер на земјоделците Јанис Туртурас.
Тој додаде ако се прифати предлог-закон кој не одговара на барањето на земјоделците, тие ќе протестираат пред Парламентот.
Реформите во пензискиот систем се клучен услов за третата спасувачка програма за Грција и една од основните причини за несогласувањата во преговорите со Европска унија и со Меѓународниот монетарен фонд.