Пад на продажбата и извозот на пиво во Германија

(Oвој напис е објавен на: February 5, 2018)

pivo

Продажбата на пиво во Германија се намалила за 2,5 отсто, додека пак извозот бележи рекорден пад во однос на 2016 година.

Ниту 2017 не била доволно добра за да се надомести слабата продажба во 2016 на домашниот пазар. Извозот во и надвор од ЕУ е намален за 4,1%.

Како можни причини за ваквиот пад се наведуваат тоа што и други земји веќе имаат домашно производство на пиво, но и дека германската популација старее и консумира помалку од овој пијалок.

Во последната деценија германско пиво се продава повеќе на странските пазари, отколку на домашните, додека пак домашната продажба во Германија постепено се намалила за вкупно една четвртина.


 

слободенпечат