Грев е од македонски квалитетен и природен зеленчук да не правиме зимници
Се се менува, само тетовскиот пазар од кога постои останува ист, преполн со квалитетен зеленчук и овошје.
Традиционално во Тетово пазарен ден е четврток, но кога ќе влезете на пазар, па дури и за викенд, тој е преполн иако не е пазарен ден.
Голем дел од купувачите доаѓаат на пазарот да купат овошје и зеленчук за дневни потреби, но има и такви кои не се откажуваат од правење на зимница, иако како што велат е мачна работа, но на купеното во маркетите не му веруваат.
-Ќе правам зимница, стара сум во пензија и немам друга работа, ќе печам тоа е тоа . Сега младите послабо прават, дека има по маркети. Се плашиме од вирусот, ама за зимница мора да излеземе. Во купучко немаме доверба, ама годинава цените се ок, ама према нашите пензии можам да кажам дека се високи, вели една пензионерка од Тетово, која ја затекнавме на пазарот.
Пазарџиите и натаму се жалат дека е намален прометот.
-Сега малку помалку прават зимница. Слабо оди пазарот. Има народ ама слабо земаат, односно купуваат. Слабо заработка маката само. Цените не се скапи, корнишони 50 денари, Карфиол 40, Домат 20, тој на големо што оди и Модриот домат 15 денари, ни се пожали еден пазарџија
Таа вели дека не и е мака да прави зимница, се навикнала на оваа традициија и тешко дека некогаш ќе се откаже. Тие што се откажуваат од правење зимница си имаат други причини,а не од мака.
-Има голем број се откажуваа од правење зимница дека сега не пуштаат чумбиња да палиш, нема каде, порано надвор правевме сега не смееме, а јас некако се снаоѓам, вели Димовска
Досега таа направила ајвар, природно пире од домат, руска салата, печи гмечи, има нанижано везенки пиперки, а нејзиниот сопруг е задолжен за ставање на домашно вино.