fbpx
ВестиВино

Гроздоберачката заменува стотина берачи на грозје

Хроничниот проблем за време на гроздоберот на недостиг од гроздоберачи постепено и успешно се надминува со машините гроздоберачки, кои во Македонија ги има пет и тоа во лозарските региони Кавадарци, Гевгелија, Струмица и Свети Николе. Во АД „Гоце Делчев-Тиквеш” овој гроздобер на винското грозје се врши со нова гроздоберачка, која заменува стотина гроздоберачи и со која за само еден час се бере грозјето од еден хектар лозов насад.

grozdoberachkata zamenuva stotina berachi na grozje

 

Максимумот што досега сме го постигнале со новата гроздоберачка е 70 тони грозје за 8 часа, но очекувам дека ќе стигнеме и до 100 тони за 8 часа. За ваква инвестиција од околу 260.000 евра се одлучивме бидејќи веќе со години се соочуваме со проблемот на недостиг од берачи на грозје во сезоната на гроздоберот. Најчесто тоа беа берачи од ромската популација од струмичкиот крај, кои за време на гроздоберот со семејствата се преселуваа во импровизирани населби близу до лозовите плантажи. Меѓутоа климатските промени и обилните врнежи последните три години ја отежнуваа бербата. Co машинската берба се обезбедува многу поголема ефикасност во бербата во оптималниот рок кога е постигната зрелоста на грозјето бидејќи со ненавремената берба и проблемите што потоа ги предизвикува дождот штетите можат да бидат многу поголеми вели директорот на АД „Гоце Делчев-Тиквеш”, Ристо Милев.

На машинската берба на грозјето во земјоделското претпријатие „Гоце Делчев Тиквеш” му претходеше приспособување на лозовите насади со метални колци и со примена на посебни стандарди во подигањето на лозовите насади. Досега околу 300 хектари нов лозов насад се по новите стандарди и со метални колци во кои бербата на грозјето се одвива многу ефикасно.

Веќе втора година многу добри резултати во бербата постигнуваат и на плантажите на „Маркудов” во Гевгелија каде што на 70 отсто од насадите гроздоберот го извршуваат две репарирани гроздоберачки.

За да ги вклучиме гроздоберачките моравме да ја смениме структурата на столбовите на лозовите насади со метални и се надевам дека наредната го дина гроздоберот ќе се извршува целосно машински. Покрај скратениот временски рок на бербата нас и финансиски бербата не чини многу поевтино. Нашите пресметки се дека со берачи цената по килограм изнесува 1,5 денар додека со машинската берба се сведува на 0,5 денар. Машината го бере само зрното што потоа се складира во резервоар од 2 тони. Порано имавме огромни проблеми со обезбедувањето работна рака за време на гроздоберот. Берачите одбиваа да ги берат насадите со висококвалитетни сорти каде што гроздовите се поситни имаат помала тежина и потешко ја постигнуваат зададената норма. Co машинската берба овие две години имаме одлично искуство и сметам дека развојот на лозарството во Македонија треба да се одвива во оваа насока вели Игор Маркудов од винарницата „Маркудов”.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close