Хемиски и бактериолошки неисправна водата за пиење во пет села во Виничко
Резултатите од земените примероци во вкупно 12 села покажале дека во Трстија, Трсино и Крушево има зголемена потрошувачка на калиум перманганат, поради што неопходна е претходна преработка и дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење.
Водата за пиење од локалните водоводи во три села во општина Виница има зголемена физичко-хемиска неисправност што е утврдено со последните испитувања што ги направиле стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани.
Микробиолошките тестирања на примероци вода за пиење во селата Калиманци и Липец потврдиле зголемено присуство на бактерии, поради што се препорачува забрана за користење.
– Испитувањата на физичко-хемиските својства на водата во трите населени места покажаа отстапување на параметрите од законските и стручни прописи, поради што е неопходно таложење, флокулација, коагулација и филтрирање. Кај локална чешма во двор на приватно лице во Липец и во бунар за вода во Калиманци е констатирано зголемено присуство на бактерија псеудомонас аеругиноза, поради што водата не треба да се користи за пиење, за лична хигиена и за миење овошје и зеленчук. Потребно е да се стави табла со натпис со кој ќе се информираат жителите и посетителите дека истата не е безбедна за употреба, се истакнува во извештајот од Центарот за јавно здравје – Кочани.https://www.slobodenpecat.mk/hemiski-i-bakterioloshki-neispravna-vodata-za-pienje-vo-pet-sela-vo-vinichko/