Хидропоничен систем: Од урбан земјоделец до органски зеленчук во текот на целата зима
Голем број на ресторани веќе откупуваат и се заинтересирани за откуп на ваков тип на храна. Марулата, патлиџаните и другите производи можат да се сервираат свежи и во текот на зимата.
Хидропоникс е метода на одгледување на растенија во вода која е богата со хранливи состојки и без употреба на почвата. Од високо-технолошкиот урбан земјоделец, денес може да расте свеж, органски зеленчук преку целата година во контејнери.
Ова претставува голем чекор во науката,а од особено значење е за потрошувачите кои сакаат органска храна. Голем број на ресторани веќе откупуваат и се заинтересирани за откуп на ваков тип на храна. Марулата, патлиџаните и другите производи можат да се сервираат свежи и во текот на зимата.
Со помош на хидропоничниот систем може денес секој да одлгедува лековита храна и зеченчук во својот стан. Се што треба е да ги поставите вертикално во низа и да бидат близу до прозорецот, поради потребата од светлина.
Главните предности се дека не е потребно растенијата да бидат засадени во почва и водата која ја користи растението, ја користат и другите растенија во низа и на тој начин и трошковите за вода се помали. Исто така, на овој начин се зголемува контролата на нивото на исхрана и се зголемуваат приносите.
Имајте во предвид и дека присуството на штетници и болести претежно се одвиваат во почвата, па на овој начин и полесно ќе го заштитите растението.https://gradina.mk/hidroponichen-sistem-od-urban-zemjodelets-do-organski-zelenchuk-vo-tekot-na-tselata-zima/