fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хидросистемот „Стрежево“ – зголемена потрошувачката на вода за наводнување на земјоделски површини, апел за рационално користење на водата

Во изминатиот период се потрошиле околу 27.000. 000 м3 вода за сите водокорисници а по Главниот канал се испорачува вода и по 8м3/сек. Тоа се големи количини на вода, но е одраз на променетите климатски услови и високите температури.

Хидросистемот „Стрежево“  во овој период на високи температури, зголемената потрошувачка на вода на водокорисниците за наводнување на земјоделски површини, испораката на вода за ЈКП „Водовод“ за општините Битола, Могила и Новаци, испораката на вода за РЕК Битола како и за помалите индустриски капацитети може да се кажи дека навремено и квалитетно испорачува технолошка вода, вели менде Граматковски директор на ЈП „Стрежево“ Битола за Зелена берза.

Според Граматковски поради високите температури во месец  мај и период на суша кога немаше заврнато дожд повеќе од 70 денови сезоната за наводнувањето во Пелагонија ја започнавме порано од вообичаено за 15 денови односно на 15 мај се со цел да се излези во пресрет на земјоделците.

Акумулацијата на почетокот на сезоната имаше акумулирано околу 85.000 000 м3 вода додека денес е со состојба од околу 58.000.000 м3 вода. Може да се види дека во изминатиот период се потрошиле околу 27.000. 000 м3 вода за сите водокорисници а по Главниот канал се испорачува вода и по 8м3/сек. Тоа се големи количини на вода, но е одраз на променетите климатски услови и високите температури.

-Во неколку наврати апелиравме, а и сега апелираме до водокорисниците,  да рационално ја трошат, но и да ја штедат водата во овие жешки денови.

Се надеваме со рационалното трошење од страна на водокорисниците и со навремената и брза интервенција при дефект на деталната цевководна мрежа од страна на вработените од претпријатието ќе имаме доволно количини на вода во оваа сезона.

Законски во месец јуни Јавното претпријатие „Стрежево“ сите зафати за вода од под Пелистерското сливно подрачје водите наместо во Собирниот канал ги пренасочува во реките во нивните природни корита.

Исто и со река Драгор. Целокупната вода од реката Драгор која што се слива по коритото си течи по природниот тек. Вода од Драгорот не зафаќаме. И не само од Драгорот туку од некоја река од реките на Баба Планина, освен од реката Шемница која природно се влева во Акумулацијата. Малите количини на вода на Драгорот низ Битола можеби се од сушата, изјави Граматковски.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close