fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа е горд на она што го сработил во една година мандат

Нашата визија е да креираме профитабилно земјоделство и силно да влијаме за интензивен рурален развој, што треба да креира атмосфера на задоволство и успех кај земјоделците и силен мотив кај младите кои својата иднина ја гледаат тука, вели Хоџа.

На денешната прес-конференција, ги презентирав резултатите од моето едногодишно работење како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, стои во објавата на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа .
Јас кажав уште на самиот почеток, дека оваа функција ја сметам за голема чест. Да се води еден ваков комплексен сектор е голем предизвик, особено во услови на еден од најтешките периоди за државата, а тоа е пандемијата со вирусот Ковид-19.
Но, сепак и покрај сите предизвици, горд сум на она што успеавме да го сработиме за овој краток период од една година.
Нашите развојни политики се усогласени со заедничката земјоделска политика на Европската Унија како сигурен чекор кон развиено земјоделско производство. Нашата визија е да креираме профитабилно земјоделство и силно да влијаме за интензивен рурален развој, што треба да креира атмосфера на задоволство и успех кај земјоделците и силен мотив кај младите кои својата иднина ја гледаат тука.
Ние за оваа измината година откако сум јас министер, направивме многу. Остваривме позитивни резултати во време на глобална криза. Искрено се надевам дека земјоделците ја препознаа мојата позиција – секогаш на нивна страна!
Упатувам искрена благодарност за соработката до сите земјоделци и агробизнисмени, до целиот агросектор како и до мојот тим и сите вработени во МЗШВ кои и покрај коронакризата и работа во специфични услови, успешно ги водеа процесите на сите активности на МЗШВ на највисоко ниво на извршување на задачите.
СО СИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ОДИМЕ ВО НОВИ УСПЕСИ!!!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close