вестиСоветиХрана

Новото розово сирење ги исполнува соништата на милениумците

Great British Cheese Company го промовираше новото розово сирење, кое милениумците со задоволство ќе можат да го сликаат за на Instagram.


Новото розово сирење е базирано на врстата Wensleydale, но покрај обичниот вкус на сирење, тоа е збогатено и со вкус на малина, како и на италијанското вино Prosecco.

Како вино и сирење да не беа доволно добра комбинација, па оваа компанија мораше да ги спои двете уживања.

Од компанијата велат дека сирењето е наменето „за сите сладокусци“.

Цената на Prosecco сирењето ќе биде малку поскапа отколку за обичните врсти на сирење. Сите кои сакаат да го пробаат, ќе мора да платат околу 300 денари за 200 грама од ова сирење.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close