fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа- Има потреба од воведување на нов механизам за ставање на земјоделското земјиште во државна сопственост за развој на земјоделството

Околу 577 000 ha се класифицирани како обработливо земјиште во земјата. Од оваа површина, околу 240 000 хектари или 41% од вкупниот дел, се во државна сопственост и управувани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од нив, околу 100 000ха, не се управуваат активно и не се користат за земјоделско производство. Па од тука, меѓу другото произлегува и потребата од воведување на нов механизам за ставање на земјоделското земјиште во државна сопственост во функција на развој на земјоделството“ изјави министерот Хоџа

Во насока на целосна транспарентност, денеска се одржа јавна расправа за содржината на Нацрт – Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. На јавната расправа  присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, и претставници од сите економски партнери на Министерството за земјоделство (здруженија на земјоделци, стопански комори, подсекторски групи, научната фела), како и невладини организации, кои во изминатиот период искажаа определени ставови во однос на Законот.

МЗШВ за целиот изминат период, најавуваше максимална транспарентност на постапката на изготвување на Законот и широка јавна дебата. Првично, во процесот овозможивме ескпертска и техничка подршка од меѓународни организации, кои имаат непроценливо искуство во вакви процеси ширум Европа и светот, а потоа  тимот од Министерството, со подршка на странските и национални експерти ангажирани од ФАО, изготвија Нацрт текст на Закон. На почетокот на месец мај, беше поставен на ЕНЕР, со цел отворен пристап за запознавање со неговата содржина, од страна на целокупната јавност. Законот предизвика голем интерес кај јавноста и многу коментари. Некои од забелешките беа коментирани на ЕНЕР, а некои ги слушнавме преку медиумите. Сите предлози се земени во обзир, па така, во Нацрт – Законот кој денес е предмет на дискусија и јавна расправа, вградени се сите конструктивни предлози на јавноста и истиот се разликува од првичниот текст кој беше достапен за јавноста.

“Да потсетам дека, реформата во однос на управувањето со земјоделското земјиште во државна сопственост,  преку овозможување на негова продажба, ние како Влада ја најавивме многу порано, пред да се пристапи кон изготвување на Законот.  Потребата за реформа, произлезе првично од дебата на Комитетот за земјоделство при Владата на Република Северна Македонија. Потоа, претседателот на Владата и јас како министер за земјоделство, јавно преку електронските и пишаните медиуми и на средби со сите засегнати страни, ја образложивме оправданоста од ваквата реформа и придобивките од истата врз севкупниот развој на земјоделството во нашата држава. Во оваа прилика би напоменал дека според евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, околу  577 000 ha се класифицирани како обработливо земјиште во земјата. Од оваа површина, околу 240 000 хектари или 41% од вкупниот дел, се во државна сопственост и управувани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од нив, околу 100 000ха, не се управуваат активно и не се користат за земјоделско производство. Па од тука, меѓу другото произлегува и потребата од воведување на нов механизам за ставање на земјоделското земјиште во државна сопственост во функција на развој на земјоделството“ изјави министерот Хоџа во своето поздравно обраќање пред присутните. Тој ги образложи целите кои треба да се постигнат со имплементацијата на новиот закон, придобивките од продажбата, постапките за продажба,  заштитините механизми кои треба да спречат злоупотреба и на тој начин ја престави пошироката слика за придобивките кон целокупната домашна економија.

Министерот Хоџа, потенцираше дека  инклузивниот процес при изготвување на Законот, не е само празни зборови, туку реалност која ние навистина ја спроведовме.  Па така, во Нацрт – Законот кој денес е предмет на дискусија и јавна расправа, вградени се сите конструктивни предлози на јавноста и истиот се разликува од првичниот текст кој беше достапен за јавноста.

Присутните претставници од сите засегнати страни, ги искажаа своите предлози во конструктивна атмосфера и европски дух, слободно зборувајќи што би сакале да биде вградено, дополнето, променето. Дел од присутните земјоделци во салата, истакнаа дека тие ваков Закон чекаат веќе триесет години за да можат да бидат стабилни и сигурни во своите инвестиции и искажаа силна поддршка за донесување на Законот. Претставникот на невладината организација Граѓански фронт, го искажа задоволството од можноста да биде присутен на јавната дебата и потенцираше дека тие се против овој закон, но сепак е задоволен бидејќи еден член од законот е избришан, а тоа за нив значи дека МЗШВ ги слуша нивните барања и постапува соодветно.

И денешната јавна расправа е во таа насока, да се слушнат аргументирани предлози од сите кои се вклучени, без разлика дали се непосредни производители, стопанственици или научни работници.  Доколку нивните предлози се во насока на подобрување на текстот на законот, ќе ги разгледаме со должно внимание и секако конструктивните предлози ќе бидат прифатени од наша страна.

Соопштение на МЗШВ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close