Земјен насип за помалку пепел од РЕК-Битола

(Oвој напис е објавен на: August 7, 2019)

Екологија – Зелената револуција е наша единствена солуција. Мисли зелено- живеј зелено !

Земјен насип за помалку пепел од РЕК-Битола

Битола треба да изработи студија која што не само што ќе се нотираат загадувачите туку и квантумот на загадување кој што секој од нив го импутира во загадувањето, смета првиот човек на РЕК-Битола, Златко Ќурчиевски.

Според него на тој начин точно ќе се знае дали РЕК-Битола загадува 10 проценти (како што стоеше во една студија на невладина организација) од вкупното загадување во општината или повеќе. 

Се надевам дека тоа ќе биде многу брзо направено. Ова не го кажувам заради тоа ние да имаме изговор ништо да не правиме, напротив. Ние сите мерки ги преземаме и 5 РЕК-Битола да загадува  ние сме цврсто решени и тоа да го анулираме. Значи сите мерки ќе бидат спроведени, ветува Ќурчиевски.  

Прашината што доаѓа од РЕК-Битола кога има ветер, на што најчесто реагираат граѓаните , се должи на самото одлагањето на пепелта од работата на комбинатот. Бидејќи не може во моментот на одлагање на пепелта, веднаш да се изврши покривање, туку пепелата мора да „легне“и после одреден период да се покрие со земја. Тоа е причината и за присуството на прашина, велат од комбинатот. 

Меѓутоа Ќурчиевски уверува дека целта на комбинатот е загадувањето да се сведе на минимумНајинтензивни активности има токму на  одлагалиште за пепелкаде прикрај е подигањето на висок насип, бедем, кој треба да го запре разнесувањето напрашинатаНасипот е висок 15 метри, а долг 1500 метри со форма на трапезЗа негова градба ќе сеискористат 690 000 кубни метри земја која се добиваод ископот во рудницитеДосега таа се одлагаше настари одлагалишта, а сега се користи за изградба на насипот.

Најмногу е направено во делот на отпепелувањето.При крај е изградбата на бедемсо што значително ќе се намали влијанието на ветровите и разнесувањето на пепелта во околината. Станува збор за една големаповршина која што е заградена со земјен бедем и пепелта ќе се одлага внатре во таа загадена површина, а ветрот не ќе може да го има тој ефекткако сега.  Интензивно се работи на покривање на пепелтаод 30 илјади квадратни метри тие количини ги сведовме на 5000 квадратни метризасадивме над десеттина  илјади садници. Но, не би бил искрен ако кажам дека до Нова година  ние би можеле да интервенираме и да го намалиме делот на загадување на ПМ честичките. Тоа ќе можеме да го реализираме постепено,вели првиот човек на комбинатот

Тој најави дека од  Нова година треба да почне реконструкцијата на електростатските филтрисо што лимитот на ПМ честичките ќе се спушти подграничните вредности што ги дозволува европската регулатива.

Од Нова година ние би можеле да интервенираме и да го намалиме загадувањето од ПМ честичките сукцесивно на секој блоксо реконструкција на електростатските филтри. Веќе сме во втора фазаимаме избрано три економски оператори, а се надеваме дека за многу скоро време ќе го добиеме изведувачот на работите кој треба да гарантира декаво 2020, 2021 и 2022 година целосно ќе се реконструираат електростатските филтрисо што ќе седобие минимално количество на ПМ честички во амбиенталниот воздух од само 20 мг/м3 што е понизок лимит за учество на ПМ честичките во европската регулативавели директорот на РЕК Битола

Приоритет за РЕК-Битола е и А интегрирана еколошка дозвола и имплементирање на сите мерки за производство на електрична енергија по еколошки стандарди.

Во тек е постапка за добивање и усогласување со строгите критериуми на А интегрирана дозвола. Усвоен е оперативниот план што РЕК Битола го достави доУО на ЕСМ, со што се создадоа сите услови Министерството за животна средина да ја распише јавната дебата во септември, со што ќе почнеме со имплементација на мерките од оперативниот план за да ги исполниме условите, за конечно во 2026 година да имаме еден комбинат кој ќе ги исполнува целосно еколошките стандардивели Ќурчиевски, објаснувајќи дека добивањето на дозвола за имплементирање на оперативниот план не значи веднаш чиста животна средина, туку ќе значи строги критериуми кои РЕК-Битола мора согласно зададената временска динамика да ги испочитува. Ако не ги испочитува ќе има санкции. 

И генералниот директор на Државните електраниВаско Ковачевски потврдува дека најголем дел од капиталните инвестиции на АД ЕСМ се вложувања воРЕК Битола и тоа пред се во еколошки проекти.

Во изминатиот период во неколку наврати АД ЕСМ и менаџментот во РЕК Битола излегувавме со информации дека во комбинатот сериозно се вложува во капитални инвестициипред се во термоелектранитеремонтните активности на блоковитенаправени се два капитални ремонтиво најава за следната година ќе има уште еден капитален ремонткако и проектите што се од големо значење од еколошки аспект, а тоа е реконструкција и ревитализација на разладната кула на Блок 2 и реконструкцијата на електростатските филтриЗа скоро ќе ги промовираме и капиталните проекти наЕСМ, односно фотоволтаиците во Осломејветерниците на паркот Богданци2 и отпочнување на постапка за физибилити студија и проектна документација за Чебренизјави Ковачевски.

А. Блажевска

 

Share Button