fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-Откупот на тутун влегува во завршница, откупено е околу 85 % од договореното производство

Хоџа со апел до тутунопроизводителите да не произведуваат отповеќе тутун, туку според договорите. 

Во денешното интервју за радио Пела, Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа  вели дека  откупот на тутун е во завршна фаза, откупено е околу 85 % од договореното производство.
-Се надевам дека откупот ќе заврши во законскиот рок. Доколку има потреба да се пролонгира рокот, тогаш ние сме подготвени со итна постапка да го измениме законот и рокот да го продолжиме до крајот на март, со цел да се откупи целокупното количество на произведен тутун вклучувајќи го и вишокот.
Хоџа со апел до тутунопроизводителите да не произведуваат отповеќе тутун, туку според договорите.
-Ги повикав тутунопроизводителите, оваа година да произведат тутун согласно договорите. Да не го зголемуваат производство непланирано и вон договореното, со цел да не се создава вишок, бидејќи така се предизвикува притисок кон откупните компании и се раѓа незадоволство кај тутунопроизводителите. Договорното производство е клучниот фактор за успех. Ова важи за сите земјоделски сектори и ние како министерство кон тоа целиме. Нашата стратегија за развој е креирана во таа насока, да направиме реален план колкави количини ни се потребни, односно за колкави количини можеме да обезбедиме пазар. Интензивно се работи на проширување на постоечките пазари со изнаоѓање нови. Така безбедно ќе го зголемиме производство, но откако претходно ќе имаме договорен откуп, изјави министерот Хоџа.
Претходната година навистина беше тешка за земјоделскиот сектор, но ние правиме се што е во наша моќ да имаме добра стратегија за да не ни се повторуваат вакви и слични состојби.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close