fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Тутунари не го предавајте тутунот ако имате нереални проценки на квалитетот

Тутунарите неможат да издржат уште една лоша  реколта

Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија апелира до тутунопроизводителите да не го предаваат тутунот ако сметаат дека проценката е неправилно направена според квалитетот.

 

-Во пресрет на откупот на тутунот за оваа реколта, за кој некои компании најавија почеток на 06.12. 2021 година, сакам да апелирам најпрво до тутунопроизводителите да си го ценат трудот и да не го предаваат родот доколу сметаат дека им е извршена неправилна процена на квалитетот.

Верувам дека секој производител со своето искуство знае дали му се врши манипулација со квалитетот и проценката и да реагираат или со повикување на Второстепена комисија или со врајќање на тутунот. Не дозволувајте повторно да бидиме излажани како ланската реколта. Исто така апелирам до откупните претпријатија, свесни се и тие дека квалитетот во оваа реколта е на високо ниво, а приносите намалени да воспостават линии на откуп кои ќе гарантираат реална проценка и висок просек. Најмногу сакам да апелирам до институциите до МЗШВ и инспекторатот будно од самиот почеток да ја следат состојбата и секојдневно да бидат присутни на терен.Исто така сакам да се обратам и до градоначалниците до сите општини каде се произведува тутун да вложат максимален ангажман во рамките на своите надлежности и да застанат во заштита на своите граѓани.

И за на крај исто би сакал да апелирам и до политичките партии и нивните лидери како од позицијата така и од опозицијата да имаат во предвид дека тутунарите не можат да издржат уште една лоша  реколта и да вложат максимум со своето делување да не дојдеме до таква ситуација. Ние како тутунски здруженија будно ќе ја следиме ситуацијата и ќе реагираме на сите неправди и обиди за потценување на трудот на тутунопрозводителите и неправедна проценка и ќе ги искористиме сите механизми за да го спречиме сето тоа вклучително и организирање на протести, блокади на патишта и откупни пунктови, стои во реакцијата на Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија .

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close