Холандија повлекла од пазарот вишни од Србија поради пестицид
Станува збор за пестицидот диметоат, кој, како што се наведува, бил откриен во поголема количина од дозволената.
Поради надминување на дозволеното количество пестициди, Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите вишни со потекло од Србија, објави РАСФФ – европскиот систем за брзо предупредување и информирање за храната, а како што дознава „Блиц Бизнис“, контролата е во тек.
Според податоците од РАСФФ, контролата на овошјето ја направил самиот производител, а контролата од надлежните, според информациите, е во тек.
Во примерокот земен на 6 март, откриени се остатоци од овој пестицид во количина од 0,044 мг по килограм, додека дозволената количина е 0,01 мг по килограм.
Ризикот по здравјето на потрошувачите се дефинира како „сериозен“.
Диметоатот, инаку, припаѓа на инсектициди и според учебникот на Земјоделскиот факултет во Нови Сад, Фитомедицина, се користи за сузбивање на штетници.
Диметоат е меѓу инсектицидите регистрирани во Србија против црешова мушичка