fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Храната станува се поскапа и поскапа

Во октомври на месечно ниво поскапеа и сите останати главни житни култури.

Светските цени на храната продолжија да растат во октомври трет месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2011 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната, кој ги следи месечните промени во меѓународните цитати на главните прехранбени производи, во октомври во просек изнесуваше 133,2 поени, што е за три отсто повеќе од септември, според извештајот објавен на веб-страницата на агенцијата на ОН.

Цените на житариците се зголемија за 3,2 отсто во минатиот месец во однос на септември, при што светските цени на пченицата скокнаа за 5,0 отсто поради намалената глобална понуда поради послабата жетва во земјите кои се најголеми извозници – Канада, Русија и САД. Во октомври на месечно ниво поскапеа и сите останати главни житни култури.

Понудата за растително масло на меѓународниот пазар во октомври скокна за цели 9,6 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во историјата. За тоа најмногу придонесе растот на цените на маслото од палма, од соја, од сончоглед и од репка. Палминото масло поскапе четврти месец по ред во октомври, главно поради намаленото производство во Малезија поради недостигот на работна сила.

Индексот на цените на млечните производи зајакна за 2,6 процентни поени во однос на септември, под влијание на генерално повисоката глобална увозна побарувачка за путер, обезмастено млеко во прав и полномасно млеко во прав. Цените на сирењето генерално останаа стабилни, бидејќи понудата од водечките земји-производители беше соодветна за да се задоволи глобалната побарувачка за увоз.

Цените на месото паднаа за 0,7 отсто од ревидираната вредност во септември, продолжувајќи го трендот на намалување трет месец по ред. Меѓународните понуди за свинско и говедско месо потонаа поради намалените нарачки на свинско месо од Кина и остриот пад на нарачките од говедско месо од Бразил. Спротивно на тоа, цените на живината и овците се зголемија поттикнати од силната глобална побарувачка и слабите изгледи за зголемено производство.

За 1,8 отсто падна и шеќерот во октомври во однос на претходниот месец, што е првпат по шест месеци последователен раст. Ова е главно резултат на ограничената глобална побарувачка за увоз и големата извозна понуда од Индија и Тајланд, како и слабеењето на бразилскиот реал во однос на американскиот долар.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на житни култури, ФАО процени дека и покрај очекуваното рекордно светско производство на житни култури во 2021-ва година, глобалните залихи ќе се намалат во сезоната 2021/22.

Според новата прогноза, светското производство на житни култури во 2021-ва година ќе изнесува 2,79 милијарди тони, што е за 6,7 милиони тони помалку од претходната проекција, пред се поради намалувањето на проценката на производството на пченица во Иран, Турција и САД.

Од друга страна, се предвидува раст на вкупната светска потрошувачка на жита од 1,7 отсто или на 2,81 милијарди тони.https://denar.mk/253296/ekonomija/hranata-stanuva-se-poskapa-i-poskapa

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close