fbpx
ВестиТоп вести

„Даниво“ ДООЕЛ Кочани лидер во производство на ориз во Македонија

 

 

По завршувањето на жетвата на оризот во кочанско, започнуваат калкулациите  како помина овогодишната  реколта. Во фабриката за производство на ориз „Даниво“ ДООЕЛ Кочани  интензивно се работи на откуп и преработка на оризовата арпа. Станува збор за фабрика која се занимава со откуп, преработка и дистрибуција на ориз. Од  оснивањето  во 2002 година па до денес со нејзиното работење се наметна како лидер во производството на ориз во Македонија.

 

Со зголемување на обемот и капацитетот на фабриката, „Даниво“ зема 120 ха државно земјоделско земјиште под концесија. Од нив 80 ха се сеат со ориз, а останатите се овошни насади под вишна.

 

Во склоп на ова функционира  фабриката  за преработка на ориз со капацитет од 2-3 тона  на час оризова арпа. Оризот после жетвата се става во сушари, па се складира во големи арари (вреќи од 1000кг ) и тие се носат во фабриката на преработка.  Арпата така складирана може да стои цела година.

Освен сопственото производство,  фабриката откупува ориз и од други индивидуални земјоделци. Цената по која се откупува арпата оваа година  се движи од 15 – 20 ден/кг. Од менаџерскиот  тим  на „Даниво“  задоволни се од приносите кои во просек  изнесуваат 5 500кг/ха. Исто така задоволува и квалитетот ако се има предвид тоа  што немаше доволно дождови така што некои полиња останаа прегорени од сушата.

Најголем дел од производството завршува на странските пазари

Во кочанскиот регион производството на ориз значи егзистенција за населението така што од големо  значење е пласманот. Од целокупното производство на ориз во фабриката 30% се пласира на домашниот пазар, а останатото се извезува. Најмногу се извезува во Србија, Косово , а помал дел и во Полска.

 

Конкуренцијата на пазарите е многу голема, но квалитетот е тој што овозможи фирмата да опстои на пазарот. Ова е овозможено со производство  кое е организирано во  строго контролирани  услови со користење на најсофистицирана опрема. Фабриката располага со модерна машина за паковањена зрнести производи со чија помош оризот може да се најде во пкаовање од 100гр па до 50 кг. Дистрибуцијата на производите ја вршат со сопствен превоз и лиценцирани дистрибутери.

 

Иднината на оризопроизводството зависи од  квалитетните семиња и препарати и од акумулацијата Калиманци

Водата е најважниот ресурс за одгледување на ориз. Дали наредната сезона ќе има зголемување на површините засеани под ориз ќе зависи од количината на вода во акумулацијата Калиманци, од каде се извршува наводнување на оризовите полиња. Сепак потребно е да се следат новините и технологиите за развој на оваа дејност. Од Даниво сметаат дека Институтот за ориз во Кочани потребно е да профункционира, за  да се стави ред во оваа дејност.

„ Во моментов на терен присутни се неквалитетни семиња и ѓубрива. Земјоделците на своја рака купуваат  препарати .Се и сешто се сее, на диво се увезуваат препарати. Беспарицата и скапотијата ги наведува така да се однесуваат земјоделците, кој како знае и умее се снаоѓа. Токму заради ова треба да профункционира Институтот за ориз “ велат од оваа фирма.

„Државата треба да помогне, да обезбеди квалитетни семиња и препарати и секако нафта. Промена на политиката на субвенционирање, во смисла, сите без разлика на големината на површината да земаат иста сума  субвенции, а нивната  исплата  да биде навремена“, додаваат од „Даниво“.

 

Во иднина планираат и понатаму да вложуваат во усовршување и модернизирање на производството, да набават земјоделска механизција и опрема што ќе овозможи „Даниво“ да остане лидер во производство на ориз во Македонија.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close