Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести
Хрватите открија опасна супстанција во суво грозје од Иран
Утврдено ниво од 0,018 мг/kг хлорпирифос етил, а не е дозволена ниту најмала вредност.
Во прехранбен производ со потекло од Иран е откриена штетна хемикалија опасна по здравјето. Како што е наведено во европскиот систем за безбедност на храната во петокот, забранетиот пестицид хлорпирифос етил е откриен во суво грозје од Иран што преку Турција било доставено во Хрватска.
За среќа, земен е примерок од спорното суво грозје и се анализира на граница, при што е утврдено ниво од 0,018 мг/kг хлорпирифос етил, а не е дозволена ниту најмала вредност. Сувото грозје веднаш му било вратено на испраќачот во Турција од граница, јавува Даница.хр.