fbpx
Вести

Husqvarna Музејот

Кралското оружје, моторите од светскиот врв и многу, многу повеќе производи од 326-годишната историја на Хускварна се тука. Можете да се шетате со часови таму  и да го почувствувате пулсот на историјата. Музеј полн со носталгија!

Во 1669 година шведската војска ја претворила старата црква во работилница за мелница, за да можи да се произведуваат  пушки и мускети. Локацијата покрај водопадите беше клучна, бидејќи огромната моќ на водата што паѓа беше искористена за движење на мелниците. Со многу пиштоли и делови од пиштол за производство, градот се разви околу фабриката. Градот е наречен Хускварна, што во превод значи – куќа покрај мелницата.


Хускварна произведува производи од секаков вид повеќе од 300 години, а музејот е дом на огромна разновидност на нивните производи, повеќето од кои што се произведени токму таму на музејската локација до водопадите.


По данско-пруската војна од 1864 и во франко-пруската војна од 1870-71 година, воените наредби се намалија, така што за да се преживее Хускварна почна да создава ловечки пушки во 1877 година. Поради нивната напредна обработка и способности, Хускварна се раширила во приватниот сектор и почна да произведува машини за шиење, а потоа и велосипеди.

Производство на мотоцикли започна во раните 1900-ти. Хускварна е позната и за моторни пили, косилки за трева и кујнски апарати.

Фабриката, исто така, вложи многу пари во микробранови печки. Овде Хускварна беше меѓу првите на пазарот.


Еден час не е доволно време во музејот Хускварна, кој внимателно ве води низ нивната богата историја од 300 години. Пречекани од шведската армија од пред 300 години – барем тоа така изгледа – и од прва рака можи да се види моќта на водата што паѓа. Ако некогаш сте во Шведска и сакате малку поука за историја, и мотоцикли и производство, тоа е вредно да се посети.

Хускварна е широко распространета во нашата држава, со многубројната палета на производи кои се со одличен квалитет и пристапна цена. Единствен застапник за нивниот асортиман на производи е СИНПЕКС ДОО Битола, и нивната дилерска мрежа низ повеќе места во државата.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close