вестиМакедонијаТоп вести

Сточниот пазар во Битола привремено затворен

Поради болеста „Син јазик“  Согласно решението што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство ЈП “Пазари” Битола соопшти дека привремено го  затвори добиточниот пазар во Битола.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да го почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарсво и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на болеста „Син јазик“ во државата, соопштуваат од ЈП Пазари

За да се спречи ширењето на болеста АХВ донесе решение  за спроведување мерки на одгледувалиштата каде е потврдено присуство на болеста откако ветеринарно друштво  пријави сомнеж на болеста Син јазик  кај овци  и кози  на територијата на општините Македонски брод и Кичево

Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста Син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница (општина Македонски Брод) и во едно одгледувалиште во село Свињиште (општина Кичево).

Сточарите на кои ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидат обесштетени. Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат присутни на терен и ќе ја следат состојбата со болеста во овие региони.

Стручните служби на АХВ ветеринарство ја пријавија болеста во Системот за нотификација на болестите кај животните на Европската унија (ADNS) и во WAHIS системот на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ.

Болеста син јазик не е зооноза односно таа не се пренесува и не е опасна за луѓето но, сепак, не треба да се консумира месо од заболено животно. Станува збор за вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (овци, кози и говеда). Синиот јазик се пренесува единствено преку каснување од инсекти (мушички) од видот Culicoides, во периодот на нивна активност (април- ноември), особено во услови на висока температура и влажност. Болеста не се пренесува од животно на животно, преку контакт.

Во нашата земја, присуството на болеста е последен пат евидентиран во 2015 година, информираат од АХВ.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close