
Агро бизнисВестиТоп вести
И денеска пекол жешко со температури до 43 степени
Од недела ќе има опаѓање на температурите и услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.