Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести
И годинава ќе се откупува овошје за проектот – Здрав оброк за секое дете
Вкупно 750 тони домашни јаболка беа дистрибуирани до учениците во сите 350 училишта. Преку овој проект го поттикнуваме и помагаме домашниот откуп на овошје, обезбедувајќи здрав оброк за секое дете, најави министерот Љупчо Николовски .
Преку проектот – Здрав оброк за секое дете, оваа година обезбедуваме здрава ужинка за сите 40.000 дечиња во детските градинки низ државата. Секоја недела, во период од 28 недели, секое дете ќе добие по еден килограм здраво и свежо македонско овошје јаболко, праски, кајсии и сливи.
Минатата година за прв пат го реализиравме овој проект доделувајќи здрава ужинка за сите ученици во основните училишта. Вкупно 750 тони домашни јаболка беа дистрибуирани до учениците во сите 350 училишта. Преку овој проект го поттикнуваме и помагаме домашниот откуп на овошје, обезбедувајќи здрав оброк за секое дете, најави министерот Љупчо Николовски .
Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк