fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Јоhn Deere роло преси-врвот на технологијата во собирање на сточна храна

Наш предлог-Пресите, како приклучна машина, која добива погон со помош на излезното карданско вратило, приклучена на трактори има една основна намена, таа е прибирање, собирање, балирање или може да се каже складирање на прехранбен материјал во вид на правоаголна стандардна бала или роло бала.

Во јужниот дел на Италија, во непосредна близина на градот Потенца, а недалеку од пристанишниот центар Бари е лоцирана фабриката Ciccoria во која почнувајќи од 2020 година, започнува производството на преси за балирање John Deere, поделени во неколку категории.

Самото постоење на оваа фабрика на популарната италијанска чизма датира уште во раните години на 20 век, поточно 1927 година.

Како што самите наследници на основачите милуваат да кажат, се навршуваат 100 години, исполнети со континуиран технолошки развој во начинот на производство на преси за балирање според потребите на фармерите ширум светот, опфаќајќи педесетина држави каде се продаваат нивните производи.

John Deere, светски познатата компанија за производство на трактори и приклучна механизација во 2020 година, се решава да го дисперзира производството на пресите и роло пресите во оваа фабрика.

Пресите, како приклучна машина, која добива погон со помош на излезното карданско вратило, приклучена на трактори има една основна намена, таа е прибирање, собирање, балирање или може и да се каже складирање на прехранбен материјал во вид на правоаголна стандардна бала или роло бала.

Прехранбен материјал кој може да се балира со овие преси е луцерката или во некои места позната како јонџа, пролетно сено, сламата како отпадок после жетвата на јачменот и пченица, сточниот грашок и останати фуражни култури кои не се застапени во Македонија.

Вака собраниот материјал во вид на бала е полесен за манипулација и транспорт од парцелите до складиштата на фармите.

Но, зошто е многу важно балирањето покрај олеснетиот транспорт?

Вообичаено, храната се прибира во период од 6 месеци. И тоа, почнувајќи од месец мај, првото пролетно косење, па се до месец септември. Потоа тој собран материјал се дава како храна на стоката во текот на доцните есенски месеци, преку целата зима, а во зависност од количините и во текот на целата година.
Благодарение на квалитетното пресирање храната е заштитена од промена на нејзините хранливи својства кои се неопходни да се задржат приближно во онаа мера кога таа е собрана. Најчесто не е толку битен квантитетот на храната, односно стоката да биде само добро најадена и да ја задоволи потребата од глад.

John Deere балирачките, овозможуваат најдобар сооднос помеѓу тежината на самата бала и неопходната густина на сеното или луцерката во самата бала.
Балата не треба да биде ни премногу стегната, за да може во текот на целата година слободно да диши, но не треба да биде ни многу лабава се со цел да не дојде до прерано сушење и губење на хранливите својства. За да се постигне посакуваното ниво, покрај тоа што прехранбениот материјал треба да е навреме искосен, доволно исушен, неопходно и клучно е квалитетно балирање за квалитетот да биде задржан во целина. Конкретно, ролобалите можат да бидат замотани во најлон или мрежа, во зависност од поднебјето каде ќе се чуваат. Онаму каде што климата е со висок степен на влажност на воздухот подобро е да се балираат во мрежа.

Роло преса на John Deere

Станува збор за роло преса V461M. Oвој модел на преса овозможува прецизно работење благодарение на тоа што сите нејзини функции и компоненти од кои таа е составена можат да се контролираат и подесуваат директно преку притискање на копчиња од страна на операторот внатре во тракторот, доколку истиот ја поседува неопходната опрема за таа намена.

Тоа би значело дека операторот во секој момент на дисплејот во тракторот знае колку материјалот е сместен во самата бала, може да ја контролира брзината со која самата машина ја прибира храната.

Дијаметарот на балата со оваа преса може да изнесува од 0,9 м до 1,85 м и истиот се подесува на мониторот во тракторот или на определено копче. Кога балата е готова, машината дава сигнал, истата потоа се премотува со мрежа или најлон и веќе е спремна за товар и транспорт до посакуваната дестинација.

Koмората каде што се прави балата и се сместува додека не е готова е широка 1,21 м. Операторот е тој што одлучува за густината на балата и ја подесува електронски во зависност од прехранбениот материјал.

Машината е опремена со најсовремена технологија на електрика и електроника. За работа со овој модел неопходен е трактор со минимум 100 КС опремен со два повратни хидраулични излези (2-SCV), како и софтвер кој може да ги прочита и проследи на мониторот сите информации кои ги дава машината. Во зависност од потребите на купувачот, роло пресата V461M може да биде опремена со две камери.

Моделот на трактор John Deere 6110M и роло пресата V461M претставуваат совршен спој во процесот на квалитетно собирање на храната за сточниот фонд во вид на роло бали.

Како и за тракторите John Deere така и за приклучните машини заштитени со овој бренд, во случајот роло  пресите, реномираната компанија „Синпекс“ ДОО Битола е генерален и ексклузивен увозник на овие машини.
Продажниот тим на компанијата стои на располагање на сите индивидуални земјоделци, земјоделски компании и комбинати да помогне, се со цел донесување на вистинска одлука при купување на ваква професионална машина со највисоки перформанси.

 

Бојан Ѓеровски за Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close