fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

И утре да заврши војната цените нема да запрат-инфлацијата уште долг период ќе ни биде закана

Најновите оценки за растот на економијата се понеповолни под влијание на војната во Украина и енергетската криза. Оценките се проследени со висока неизвесност. Главен извор на ризик претставува натамошната ескалација на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, воведување нови, построги санкции и евентуално дополнително влошување на економските односи меѓу Западот и Русија“, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Висок процент на инфлација, но и ризици кои може да доведат до уште поголемо поскапување, најави Народна банка во последната проекција за македонската економија. Во основното сценарио НБМ најавува дека инфлацијата годинава ќе достигне 8,8 отсто и истата ќе забави во втората половина од годината. Сепак поради ризиците кои се глобални, од централната банка не ја исклучуваат можноста поскапувањата да бидат уште поизразени, и оваа година да ја завршиме со инфлација од 9,8 отсто, пишува Фактор.

„Најновите оценки за растот на економијата се понеповолни под влијание на војната во Украина и енергетската криза. Оценките се проследени со висока неизвесност. Главен извор на ризик претставува натамошната ескалација на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, воведување нови, построги санкции и евентуално дополнително влошување на економските односи меѓу Западот и Русија“, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Дека поскапувањата можат уште повеќе да се зголемат велат и познавачите на состојбите во земајва, кои укажуваат дека проекциите на Народна банка се реални, но дека ризиците се исто така високи, поради што поскапувањата ќе продолжат и во следниот период.

„Она што го посочува НБМ како проекција сигурно е реално, нема популизам во нивните извештаи. Народна банка проекциите ги прави врз основа на расположливи податоци, и сигурно се реални. Но, во светот и нашата околина има ризици кои никој не може точно да предвиди како ќе се развиваат во следниот период. Опасност дека состојбите може да се влошат има, и од тоа не можеме да избегаме. Тенденцијата на раст на животните трошоци нема да застане уште долг период. Дури и да заврши војната во Украина во следниве денови, или во многу краток рок, поскапувањето на пченицата, на храната ќе продолжи. Едноставно има тенденции кои не може да се прекинат. Зависноста од руски гас е многу голема, дополнително е притисокот од скапите енергенси, но и скапата храна која најверојатно ќе продолжи да поскапува. Житните култури, пченицата, пченката, јачменот, но и други основни прехрамбени продукти ќе продолжат да поскапуваат, тоа е тренд кој никој не може да го стопира“, укажува поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Гувернерката на НБ посочи дека дополнителен ризик фактор за растот на економијата е и евентуалното посилно затегнување на монетарната политика во развиените земји, како одговор на зголемените инфлациски притисоци и инфлациските очекувања. https://faktor.mk/i-utre-da-zavrshi-vojnata-cenite-nema-da-zaprat—inflacijata-ushte-dolg-period-kje-ni-bide-zakana

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close