Иднината на државата е во земјоделието, а млади нема за работа
Младите сакаат да работат со компјутери
Економската иднина на земјата е во земјоделието како примарна стопанска гранка. Меѓутоа, младите луѓе се поретко се одлучуваат за работа на поле, заради ниските откупни цени, зголемените трошоци и намалената рентабилност на земјоделските производи.
– Младите повеќе се ориентираат кон дигиталните работи со компјутери. Се помалку сакат да работат на нива бидејќи е тешка и макотрпна работа. Се работи по цел ден, а често пати се случува земјата да не ги даде очекуваните резултати или пак крајната цена да биде многу мала, изјави Јован Трајковски, претставник на семејна компанија која тргува и произведува земјоделски производи.
Бројот на млади земјоделци е мал, но сепак постојат иосклучоци кои својата егзистенција ја гледаат во производство на раноградинарски производи.
– Ние произведуваме градинарски производи засеани на мали површини. Од културите произведуваме рукола, тиквици, магданос. Јас сакам мојот семеен бизнис да го унапредам со нови техники и технологии кои би можеле да ги примениме, со цел да го зголемам производството за во иднина да биде поисплатливо и порентабилно, изјави-Христијан Ристоманов, студент на Земјоделски фајкултет при УГД
Министерството за земјоделство, веќе за наредната година најавува сериозни грантови за младите земјоделци. Освен финансиски, се планираат и други мерки со кои ќе се врати рентабилноста на земјоделското производство.https://sitel.com.mk/mladi-vo-zemjodelieto