fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаЕкологијаМакедонијаТоп вести

Игор Мирчески – Македонскиот тутун е БРЕНД, не е обичен трн и не смее да се откупува во една класа

Ова не е откуп во прва класа, ова е откуп во ЕДНА КЛАСА, откуп кој што промовира дека квалитетот воопшто не е важен.

 

Коментар на Игор Мирчески

Македонскиот тутун е бренд кој е граден со децении и генерации и кој заради својот посебен квалитет станал познат и признат во светот и само заради тој исклучителен квалитет станал БРЕНД и опстоил како таков до ден денес.

Почитувани тутунари,

Вие произведувате тутун кој е светски БРЕНД, кој што само поради квалитетот кој го има и кој се градел 200 години опстоил и станал важна состојка во многу производи кои низ годините станале многу препознатливи и единствени светски БРЕНДОВИ. Во моментот тој наш БРЕНД е под напад на многу манипулативен начин со цел да се минимизира и релативизира неговиот квалитет и од светски позната суровина да се сведе на откуп на обичен трн кој расте во природата и за кој не е важен квалитетот и може да се откупува во една КЛАСА и може да се произведе од било кој и каде било насекаде во Светот!!!

ЗАТОА ВЕ МОЛАМ: не наседнувајте на овој план на откупувачите кој отпочна во минатата и се реализира и во оваа реколта. Вие тутунопроизводителите МОРА да сфатите дека ова не е откуп во прва класа, ова е откуп во ЕДНА КЛАСА, откуп кој што промовира дека квалитетот воопшто не е важен. Напротив драги мои, секаде во светот квалитетот е тој што ја диктира цената и по тоа се вреднува секој производ. Имајте на ум, вие не продавате ТРЕВА, вие произведувате светски познат бренд и како таков тој треба да се вреднува и да се ПЛАТИ.

Зар навистина мислите дека откупувачите од жал за производителите сега се одлучиле за откуп во прва класа? Откуп без одбитоци на песок, влага и НТМ ? Затоа јавно апелирам до Владата, до МЗШВ и сите институции кои се задолжени да ја штитат оваа важна индустриска гранка, да го заштитат ова национално благо и да го спречат овој обид кој ќе води до уништување на целиот сектор и БРЕНДОТ создаван со генерации познат под епитетот ЖОЛТО ЗЛАТО!!!

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close