fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Игор Мирчески -Решението кое го нуди МЗШВ е по 12 денари за 3 и 4 класа и 2 денари за 2 класа

Како ќе се подели петтиот пакет за тутунарите

Решението кое го нуди Министерството за земјоделство е по 12 денари за 3 и 4 класа и 2 денари за 2 класа, рече на денешната прес конференција Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија од Пелагонија.

Почитувани медиуми ви благодариме за  можноста преку вас да се обратиме до тутунопроизводителите и да го искажиме нашиот став и револт кон решението кое го нуди државата за ковид пакетот наменет за ублажување на штетата предизвикана од пандемијата со ковид 19. Како што знаете нашите здруженија испратија неколку писма до владата и до МЗШВ со неколку битни барања и предлози за решавање на последиците од ниската откупна цена во изминатата реколта. Во вчерашниот ден министерството конечно ни врати одговор единствено за 5 ковид пакет на каков начин планира да се распредели. Решението кое го нуди министерството е по 12 денари за 3 и 4 класа и 2 денари за 2 класа .

Воопшто не сме задоволни од овој обид да се манипулира со тутунарите и истите да се двојат во однос на ковид кризата. Како што знаете нашите барања за ковид пакетот беа да се распределат подеднакво по килограм тутун за сите тутунари. Ако е пандемија пандемијата ги опфаќа сите подеднакво. На овој начин државата популистички сака да се прикаже како добротвор кој поделил ковид пакет и обештетил тутунари со низок просек. На тие што им зеде по 2 евра по килограм, сега сака да си ги измие рацете со мизерни 12 денари. Според писмото на МЗШВ во 3 и 4 класа се откупени 65% од вкупното производство или.. 17 519 299, 2 кг по 12 денари (ковид) изнесува: 210 231 590 денари= 3 418 400 евра. Во 2 класа се откупени 32% од вкупното производство или: 8 624 885,76 кг по 2 денари (ковид) 17 249 771,52 денари= 280 484 евра. Вкупно 3 698 884 евра ќе потроши државата за ковид пакетот за кои како што знаеме сите беа оддвоени 5 милиони евра.

Каде се 1 301 116 евра од ветените до исплатени. Или уште едно прашање, ако во програмата за субвенции за оваа година ќе останат 2 767 837 милиони евра бидеќи субвенцијата ќе достигне просек од 63,8 денари на ниво на држава и парите што ќе се потрошат со ваквата распределба од ковид мерката од 3 698 884 милиони евра ќе дојдеме до податокот дека владата обезбедила само 931 047 илјади евра плус средства од програмата. Што се вели, со наши камења по глава. На крај јавно прашуваме, кои експерти се вклучени во ова смешно решение, дали комбинатите, тутунските здруженија или странски експерти. Бараме премиерот да не води популистичка и омаловажувачка политика со тутунарите, туку ковид пакетот да се распредели по сите класи подеднакво, а исто така да стои премиерот на дадениот збор за 185 денари просек кој им го вети на тутунарите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close