Агро бизнисВестиМакедонија

Хоџа во Ресен додели седум договори за набавка на приклучна земјоделска механизација

Средствата се обезбедени преку ИПАРД Програмата. Вредноста на набавката изнесува 65.000 евра прифатливи трошоци за инвестиции

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, во Големата сала на Општина Ресен, денеска свечено доделија седум договори за набавка на приклучна земјоделска механизација.
Средствата се обезбедени преку ИПАРД Програмата. Вредноста на набавката изнесува 65.000 евра прифатливи трошоци за инвестиции за набавка на атомизери, косачка, ножици за режење, фрези, платформи со хидраулично подигање, тањирачи, приколици со агробар, еко боксови за скалдирање на овошје, електричен стакер и друга механизација која на земјоделците ќе им го олесни и ќе го осовремени производството.
Ова е само почеток на поддршката што ја дава државата, кон остварување на целта за заедничката земјоделска европска политика, каде што поддршката за агрокомплексот се брои во стотици милиони евра.
Од ден во ден, стабилно чекориме кон остварување на големата слика за македонскoто земјоделство, а тоа е модерно, конкуретно производство што се стреми кон ЕУ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close