fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Игор Мирчески вели дека државата одлучила да даде пари за тутунарите

За „Зелена берза“ вели дека не може да открие дополнителни информации ниту тоа колку пари ќе даде државата како помош за тутунарите поради годинешните катастрофално лоши цени на откупот на тутунот. Мирчески вели дека има точни информации.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „Тутунари од Македонија“ пишува  дека државата конечно одлучила да даде дополнителни средства за тутунарите. За „Зелена берза“ вели дека не може да открие дополнителни информации ниту тоа колку пари ќе даде државата како помош за тутунарите поради годинешните катастрофално лоши цени на откупот на тутунот. Мирчески во постот вели  дека има точни информации.

-Државата конечно одлучи да даде некој денар на тутунарите , колку и како допрва ќе дознаеме Малку или многу и тоа не знаеме , но секој денар плус во оваа тешка реколта за тутунарите е добредојден и ќе го поздравиме. Ние од ИО нема да се фалиме ниту да се рекламираме дека сме успеале да притиснеме некој, да се ддат плус пари во оваа тешка година за нас тутунарите, пишува Мирчески во групата „Тутунари од Македонија“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close