fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Изгласан Законот за ангажирање сезонски работници

Лицата ангажирани согласно со овој Закон нема да ги загубат веќе стекнатите права, како социјална помош, надоместок поради невработеност, семејна или старосна пензија, стипендија или право на редовни студии.

Изгласан е Законот за привремено и сезонско ангажирање лица, а за негова ефикасна примена, треба да се изготви софтверска платформа, односно дигитален регистар преку кој ќе се спојуваат работодавецот, работникот и институциите. Законот им овозможува на работодавците да ги пријават ангажираните работници за привремена или сезонска работа, за својот ангажман работниците ќе добиваат пензиски и здравствени придонеси, а државата ќе си ги наплати давачките, кои досега не можеше.

– Лицата ангажирани согласно со овој Закон нема да ги загубат веќе стекнатите права, како социјална помош, надоместок поради невработеност, семејна или старосна пензија, стипендија или право на редовни студии. Во оваа законска категорија граѓани спаѓаат: пензионерите; студентите; сезонските работници, особено оние ангажирани во земјоделството, овоштарството, угостителството и сервисните дејности, како и невработените, но и вработените; лицата помлади од 18 години што ги исполнуваат условите за работа, како и странците со регулиран престој – изјави пратеникот од ВМРО-ДПНЕ, Бојан Стојановски, по изгласувањето на Законот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close