fbpx
ВестиТоп вести

Информативни денови „Управување со водите во полињата и животната средина во Општина Неготино“

Информативни денови  под наслов „Управување со водите во полињата и животната средина во Општина Неготино“од 13 – 14 март 2019 година  ќе се одржат во општина Неготино, соопштуваат од оваа општина.

Целта на информативните денови е да се презентриа состојбата на животната средина и управувањето со водните ресурси во општината, со осврт на влијанијата на квалитетот на водата и животната средина од вршење земјоделски активности и примената на заштитни средства, како и примена на добри практики за наводнување на полињата и употреба на заштитни средства за културите  со цел поттикнување на органско производство.

На настанот се покануваат да присуствуваат сите земјоделци и други заинтересирани лица  на територијата на општина Неготино. Присуството е потребно да се потврди на mail: projectwambrella@gmail.com или на тел. 078/ 344 904 најдоцнаљ до 11 март 2019година.

Предвидено е на настанот да има обраќање градоначалникот на општина Неготино Тони Делков после што, стручни лица секој од својата област ќе говори за заштита на животната средина и како таа да се подобри, со акцент на управување на водните ресурси. На настанот свое учество ќе земе и Зелена берза Битола. Присутните ќе имаат можност да се запознаат одблизу со работата на ова здружение, списанието Зелена берза,  како и со можностите што тоа ги нуди на земјоделците доколку станат член на истото.

Проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ е финасиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристпна помош (ИПА) преку Програмата „ИПА 2014- 2020“. Проектот го реализираат општините Алмопиа Грција и  Општина Неготино Македонија со своите јавни претрпијатија за водовод и канализација.

П.Ј.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close