Илиевски-3.073 земјоделци од Битола, Могила и Новаци ќе можат да си ги подигнат картичките за „зелена нафта“
Од понеделник 30 август 2021 година, земјоделците можат да си ги подигнат своите картички за зелена нафта, информира Методија Илиевски реководител на ПЕ на МЗШВ Битола.
Од понеделник 30 Август 2021 година, земјоделците можат да си ги подигнат своите картички за зелена нафта, информира Методија Илиевски реководител на ПЕ на МЗШВ Битола.
Трета година по ред од воведувањето на мерката за „зелена нафта“. Доказ за успешна реализација на оваа мерка е тоа што поддршката е зголемена, која првата година изнесуваше 30 отсто од трошоците на горивото, а минатата и оваа година достигна до 50 отсто.
Денес во подрачната единица на МЗШВ во Битола пристигнаа 3 073 картички во вредност од 16 995 409 мкд.
3 073 земјоделци од трите општини Битола, Могила и Новаци ќе можат да си ги подигнат своите картички кои ќе ги користат за помош во земјоделските активности. Овој период е неслучајно одбран за доделување на овие картички бидејќи на прагот е есенската сеидба.
Подигнувањето на картичките се врши лично со лична карта во просториите на ПЕ Битола.
Доколку ви требаа тдополнителни информации обратете се на телефонскиот број 047/237-419