На Македонија и се приближува опасниот птичји грип

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

na makedonija i se priblizhuva opasniot ptichji grip

Во Грција е регистриран првиот случај на високо заразниот вирус на птичји грип или таканаречениот Х5Н8 – потврди светската организација за здравјето на животните, повикувајќи се на официјални информации од Грција. Според грчкото министерство за рурален развој и храна, вирусот е откриен кај див лебед во реката Еврос. Засега вирусот не е детектиран кај луѓето и не може да се пренесе преку конзумација на заразено месо. Нашите здравствени власти смируваат – велат во зимскиот период птиците не мигрираат и нема можност вирусот да биде пренесен во земјава. Македонија под закана би била на пролет.

Инаку случаи на овој вирус кој е многу заразен во изминативе неколку недели се детектирани во неколку земји во Европа и на средниот Исток. Агенцијата за храна и ветеринарство уште минатиот месец го подигна нивото на внимателност, односно испрати допис до ветеринарните друштва со кој им наложува веднаш да пријават евентуална зголемена смртност на живината или ако забележат угинати птици преселници, што е клучен фактор за побрзо сузбивање на болеста. Епидемиите на птичји грип во изминативе неколку годни во Азија доведоа до угинување на многу живина во Северна Кореа, Кина и во Јапонија.