fbpx
Вести

Има криза со откупот на бостанот, земјоделците бесни на Министерството за земјоделие

Производителите на бостан загрижени поради достигнатата ниска цена на бостанот.

Тој овие денови се продава по само 5 денари за килограм што е исклучително ниска цена ако се знае дека тоа не ги покрива минимум трошоците за производство на овој земјоделски производ.

Дополнително грижата е уште поголема ако се знае дека се откупени само 30 отсто од бостанот и таа цена ќе паѓа засилено наредниот период.

Досега нема никаква реакција од Министерството за земјоделие и министерот Љупчо Николовски кон кого се насочени земјоделските барања за интервенција во откупната цена и зголемена поддршка.

Но засега нема слух за земјоделските барања. Стојан Петрески од струмичко кој е долгогодишен производител на бостан изјавува дека бостанот наместо на трпеза заврши во реките, владата нема никаков слух.

-15 години садам бостан, како што е оваа година лошо, никогаш не било порано. 5 денари е потценувачка  цена, не стига ниту за основните трошоци на крај поисплатлив ќе ни биде да го фрлиме во река, вели земјоделецот Петрески.

Најпогоден регион е струмичкиот, струмичкото поле, Босилево, Василево, Ново село, но со истиот проблем го има и во другите делови од државатакаде има насадено бостан.

Земјоделците најавуваат порадикални мерки доколку нема брза реакција од владата.


 

курир

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close