Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија
Има пари за лозарите, проверете сметки
Има субвенции за одржување на лозовите насади
Почна исплатата на субвенциите за лозарите, онака како што најавија и од Платежната агенција, дека парите ќе легнат на сметка на лозарите токму пред Св Трифун.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади.
Со исплатата се опфатени 14.830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари.
АФПЗРР во следниот период ќе ги интензивира активностите во поглед на исплата на субвенциите за 2022 и 2023 како важна државна поддршка за оддржување и зголемување на земјоделското производство.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на АФПЗРР.