Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Има пари за тутунарите-Отпочнува исплатата на субвенциите кон тутунарите
Николовски-Од денес, во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени.
Отпочнува исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски уште на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата.
По информација од Министерството за финансии ве информирам дека, од денес, во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители.
Дополнително во следниот период очекувам реализација и исплата на финансиската поддршка преку Интервентниот фонд за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници. Како и исплатата преку Програмата за директни плаќања за премијата за произведно и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несикли во регистрирани кланични капацитети.