Има пари за живинарите-Исплатени 68.5 милиони денари поддршка за живинарството од Интервентниот фонд
Исплатени се 68.5 милиони денари кон 49 корисници. Ја зголемивме и мерката за директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети од 80 на 125 денари по заклана несилка“ изјави министерот Николовски.
Исплатени се 68.5 милиони денари поддршка за живинарството од Интервентниот фонд , објави МЗШВ.
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ја посетија живинарската фарма „Шест Браќа“ во општина Студеничани.
Оваа живинарска фарма повеќе од 20 години е успешен семеен земјоделски бизнис во сопственост на семејството Суати. Одлегуваат 160.000 несилки со што претставуваат еден од поголемите производители на конзумни јајца.
„Националниот план за производство на храна, кој го донесовме, содржи мерки за поддршка на живинарството. Донесовме нова интервентна субвенција од 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца. За оваа мерка можеа да аплицираат одгледувачите на живина за конзумни јајца запишани во Регистарот на одгледувалишта на животни. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој веќе ја исплати финансиската поддршка од интервентниот фонд за земјоделство предвидена за одгледување на кокошки – несилки. Исплатени се 68.5 милиони денари кон 49 корисници. Ја зголемивме и мерката за директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети од 80 на 125 денари по заклана несилка“ изјави министерот Николовски.