fbpx
Вести

Имаат полни магацини малини и не знаат што да прават со нив

malini

Извозот на српските малини стагнира, а магацините не се ослободени за следната берба.

Овоштарите стравуваат дека поради поларниот студ, оваа година родот ќе биде двојно помал.

Владе Николиќ од Здружението „Црвено злато“ вели дека снег и студ има веќе месец и половина и состојбата воопшто не е розова.

Се очекува некои насади со малини да потфрлат и до 40% во родот.

„Слична е ситуацијата и во светот и Полјаците оваа година имаат проблеми со временските услови. Чилеанците исто така имаа проблеми со високи температури во првиот род“ – вели Николиќ.

Пазарот е нестабилен и извозот на малини стои.

Украина, БиХ, Унгарија и Бугарија кои не се препознатливи со малини, лани имаа големи количини.

Во светот има хиперпродукција, а побарувачката за ова овошје се намалува.


 

фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close