вестиСовети

Овоштарство – земјоделски календар за месец јуни

(Oвој напис е објавен на: јуни 7, 2018)

Овој период овошните дрва се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток од вода.

Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Кога младите дрвца ќе почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до 50см од врвовите на гранчињата.

Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите плодови да бидат со повисок квалитет. Кај јаболката и крушата проредувањето се врши кон крајот на месецот, откако ќе помине природното јунско проредување.

Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година па затоа треба дрвата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се обработува редовно. Ако на крајот на месец мај е пропуштено второто прихранување на дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во месец јуни.

Постепено започнува бербата на јагодите. Обилното наводнување и соодветното оплодување се од големо значење за формирање на цветни папки за наредната година.

Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки, крушкова болва, свиткувачи и сл.

Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеавата лисна дамкавост, црвливост и сл.

Сливите освен од црвената лисна дамкавост, шупликавост на листот, кафеавото гниење, овошниот црв и свиткувачот, овој период може да се инфицираат од рѓа и може да бидат нападнати од штитеста вошка.

Кај праските и кајсиите продолжува третирањето против пепелница, кафеаво гниење, шупликавост на лист и овошни црви.

Во почетокот на месецот се врши последното третирање против црешова мува кај вишните и црешите. За тој третман соодветни се препаратите кои што имаат 24 часа каренца. Исто така се прска и против сачменка и кафеаво гниење, а кај вишната и против белата рѓа.

Кај оревите продолжува третманот против бактериозата и антракнозата. Бадемовите дрва се третираат против бадемов семејад, сачменка, церкоспориоза. Леските во овој период од годината може да бидат нападнати од лешников молец кој што го нагризува овошјето и полага јајца во него.

Јагодите се третираат против сивото гниење. Малините и капините се третираат против дидимела, антракноза, пепелница, малинов комарец, малинов бумбар и др.

За сите горенаведени болести и штетници, потребно е да се користат дозволени препарати.

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close