Вести
Индекси на цените во земјоделството
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.1%, а кај аутпутот намалувањето е за 9.1%.
Во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 96.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.
Во делот аутпут, во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 88.6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.0.