fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Извршителите лани со рекордна наплата од физички лица

Лани извршителите реализирале 63.069 присилни наплати и според овој податок 2021 е рекордна година.

Лани извршителите реализирале 63.069 присилни наплати и според овој податок 2021 е рекордна година. Високата бројка во најверојатно се должи на помалкуте извршувања во 2020 кога овој процес беше запрен за период од шест месеци поради епидемијата. Во таа година имаше 42.233 присилни наплати. Досега рекордна година беше 2018 со 62.515 реализирани извршни решенија.

Вкупната наплата во 2021 година изнесувала 130 милиони евра и е втора година „по успешност“ за извршителите по 2017 кога наплатиле 166 милиони евра, пишува Фактор.

Од поединците е наплатено за повеќе од 12 милиони евра во однос на една година претходно. Ако во 2020 извршувањето од физичките лица било 24,66 милиони евра, во 2021 тоа изнесувало 37 милиони.Ова е рекордна наплата, а досега рекордот го држаше 2016 со наплатени 35,25 милиони евра од индивидуалци.

Наплатата од правни лица, односно од фирми била 74 милиони евра и таа е помала дури и од 2020, кога од претпријатијата и други правни субјекти биле одземени 89,5 милиони евра.

Државата со нејзините институции била глобена двојно повеќе од извршителите. Во 2021 од неа извршителите наплатиле 20,2 милиони евра, додека само една година претходно сумата била 9,43 милиони. Ова е втора најуспешна година за извршителите во оваа категорија по 2019 со 22 милиони.

Бројот на извршители и вработени во нивните канцеларии останал стабилен минатата година.https://faktor.mk/izvrshitelite-lani-so-rekordna-naplata-od-fizichki-lica

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close