fbpx
Вести

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 3.6%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 4.2%

zemjodelci

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 3.6%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 4.2%.

Во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6.

Во делот аутпут, во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.6.


 

бизнис вести

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close