Вести

Карбинци и Регионалната комора со седиште во Штип потпишаа меморандум

karbinci i regionalnata komora so sedishte vo shtip potpishaa memorandum

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија, Наум Барзов и градоначалникот на општина Карбинци Зоран Минов потпишаа Меморандум за соработка

Барзов појасни дека соработката ќе се одвива во делот на развојот на земјоделството и преработувачката индустрија бидејќи Карбинци е рурална општина, каде се произведуваат земјоделски производи, но и се преработуваат и се извезуваат на странските пазари.

 

prehrambena-industrija-thumb-300-1

-Во таа насока е и оваа презентција која ја организираме, а на која ќе ги запознаме бизнисмените и инвеститорите кои егзистираат во оваа општина со можностите за развој на земјоделското производство и начините како да се дојде до поголеми приноси, до поголеми добивки и до поголеми можности за инвестиции, вели Барзов.

Тој посочи дека како Регионална комора имаат советодавна улога за бизнис заедница. Иницијативите и идеите кои ги слушнале од страна на земјоделците и бизнис секторот од оваа област ќе бидат доставени до надлежните институции со цел да се подобрат условите за работа и инвестиции во овој сектор.

Градоначалникот на Карбинци Минов истакна дека соработката со Регионалната комора со седиште во Штип е од големо значење за општината во која е најразвиено земјоделството и сточарството.

-Ќе одржуваме и работилници се со цел да се поттикнат сите бизнис идеи и развој, кои ќе значат економско зајакнување на општина Карбинци, рече Минов.

Васко Златковски од Канцеларијата за рурален развој на Земјоделскиот факултет-Штип на работилницата истакна дека земјоделците и сопствениците на преработувачките сектори за да имаат пласман на своето производство на европските и светските пазари треба да го прилагодат производството на стандардите, кои ги бара Европската унија.

-Веќе десетина години наназад европското земјоделско производство почива на спроведување стандарди за производство на безбедна и здрава храна. Тоа значи дека треба да се преземат низа мерки и активности, кои ќе значат спречување на загадување на човековата околина од вештачки ѓубрива, од пестициди и се она што значи уништување на живот свет и прекинување на синџирите кои го чинат тој жив свет, рече Златковски.

Поврзани новости

Back to top button
mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom