Вести
Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 0.1 %
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 0.1 %.
Во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 108.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.
Во делот аутпут, во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.6.