fbpx
ВестиТоп вести

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 2.2 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.2 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 4.8 %.

Во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.0.

Во делот аутпут, во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 93.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.9.

извор: бизнисвести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close