fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Индустриското производство во април поголемо за 46,1 отсто

Податоци на Државниот завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во април годинава во споредба со ланскиот април во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 16,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 64,3, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,6 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 45,8 отсто, Капитални производи за 209,8, Трајни производи за широка потрошувачка за 78,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 36,6 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 22,7 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close