fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Инфлацијата на храната во Македонија во последните три месеци надминала 20 проценти

Во август цените на храната во земјава биле поголеми за 25,1 процент споредено со август 2021 година, објави Светска банка, во својата последната анализа за инфлацијата на храната во светот, во која меѓу другото се наведува дека се зголемува несигурноста со храна во светски размери, во услови кога повеќето од земјите и сиромашните, но и богатите имаат двоцифрени бројки на инфлација.

Инфлација на храната во Македонија последниве три месеци надминала 20 проценти, споредено со истиот период лани.

Во август цените на храната во земјава биле поголеми за 25,1 процент споредено со август 2021 година, објави Светска банка, во својата последната анализа за инфлацијата на храната во светот, во која меѓу другото се наведува дека се зголемува несигурноста со храна во светски размери, во услови кога повеќето од земјите и сиромашните, но и богатите имаат двоцифрени бројки на инфлација.

Слично рангирани по зголемување на цената на храната се и државите од регионот. Изедначени во инфлацијата на храната со нашата земја се и Црна Гора и Босна и Херцеговина со 24,4 и 24,7 проценти во август, спореднео со минатата година, додека Србија и Косово минатиот месец, но и претходните месеци регистрираат инфлација кај цените на храната од 19 проценти.

Најниска инфлација на храната во регинот имало во Албанија. Таму во август цените се зголемиле за 14,9 проценти, споредено со истиот период лани.
Од Европските држави во август најголема инфлација на храната имало во Унгарија, од дури 33 проценти и во Литванија од нешто малку помалку од 31 процент.

Пониско ниво на зголемување на цените на храната минатиот месец забележала Франција од 7,7 проценти и во Ирска од 8,8 проценти.
Најголема инфлација на храна во светски рамки имало во Зимбабве од 353 проценти, додека од Европските држави највисока инфлација имало во Турција од 90 проценти.

Најновиот извештај на Светска банка за безбедноста на храната забележува дека во моментов индексот на цените во земјоделството останува релативно стабилен. Цените на пченицата, пченката и оризот се за 17 отсто, 29 отсто и 6 отсто повисоки од септември минатата година.https://telma.com.mk/2022/09/21/inflacijata-na-hranata-vo-makedonija-vo-poslednite-tri-meseci-nadminala-20-procenti/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close