Информативни денови под наслов „Управување со водите во полињата и животната средина во Општина Неготино“од 13 – 14 март 2019 година ќе се одржат во општина Неготино, соопштуваат од оваа општина.
Целта на информативните денови е да се презентриа состојбата на животната средина и управувањето со водните ресурси во општината, со осврт на влијанијата на квалитетот на водата и животната средина од вршење земјоделски активности и примената на заштитни средства, како и примена на добри практики за наводнување на полињата и употреба на заштитни средства за културите со цел поттикнување на органско производство.
На настанот се покануваат да присуствуваат сите земјоделци и други заинтересирани лица на територијата на општина Неготино. Присуството е потребно да се потврди на mail: projectwambrella@gmail.com или на тел. 078/ 344 904 најдоцнаљ до 11 март 2019година.
Предвидено е на настанот да има обраќање градоначалникот на општина Неготино Тони Делков после што, стручни лица секој од својата област ќе говори за заштита на животната средина и како таа да се подобри, со акцент на управување на водните ресурси. На настанот свое учество ќе земе и Зелена берза Битола. Присутните ќе имаат можност да се запознаат одблизу со работата на ова здружение, списанието Зелена берза, како и со можностите што тоа ги нуди на земјоделците доколку станат член на истото.
Проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ е финасиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристпна помош (ИПА) преку Програмата „ИПА 2014- 2020“. Проектот го реализираат општините Алмопиа Грција и Општина Неготино Македонија со своите јавни претрпијатија за водовод и канализација.
П.Ј.