fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Аудио рурална авантура низ Мариово

Само-водечки аудио тури низ Мариово на македонски, англиски, француски, германски и знаковен јазик од сега се достапни за секој што ќе посака да и пристапи на природата со мобилен телефон како водич.

Само-водечки аудио тури низ Мариово на македонски, англиски, француски, германски и знаковен јазик од сега се достапни за секој што ќе посака да и пристапи на природата со мобилен телефон како водич.

Домашната и меѓународната јавност во функција имаат нов проект, „Рурална авантура“ (http://www.ruraladventure.mk), кој го реализираше здружението OFF ROAD Macedonia, за што финансиска поддршка доби од Швајцарската агенција за развој и поддршка, а во рамки на програмата преку Increasing Market Employability (IME).

-Преку само-водечки тури, сега има можност со своите најблиски да се биде на ден-два во регионот Мариово, а како водич да биде користен мобилен телефон. Регионот Мариово е одличен избор за „полнење на батериите“ и прошетка во природа. Со густина на население од помалку од 4 жители на километар квадратен, Мариово е идеално за социјално дистанцирање и уште поважно за подобрување на имунитетот и менталното здравје во чиста природа. Само-водечките тури се пракса која се покажала доста успешна во многу туристички дестинации и како здружение сме особено среќни што имавме можност да имплементираме ваков проект токму во Мариово. На овој начин покрај промоција на културното и природното богатство, се подобрува и туристичка сигналитика, а воедно се збогатува и искуството на посетителите, истакна м-р Јове Парговски, координатор на проектот.https://nezavisen.mk/audio-ruralna-avantura-niz-mariovo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close