Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Иницијативиот одбор на Мирчески бара итна средба со откупувачите, МЗШВ и премиерот Заев

Сведоци сме дека работите на терен имаат тенденција да се влошат, паѓа откупната цена, а опаѓа и динамиката на откупот од 750 тони на ден откупен тутун се намалува на 600 тони тутун, стои во реакцијата на Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на ФБ групата „Тутунари на Македонија“. 

Поради ваквата состојба ИО бара итна средба со откупвачите, министерот за земјоделие Арјанит Хоџа како и присуство на премиерот Зоран Заев.

-Купувањето по шифри на терен продолжи и доби позасилен интензитет, одбитоците повторно земаат нагорна линија, договорот со „Далија Табак“ прерасна во проблем околу амбалажата. На крај откупната линија станува се потврда и поригорозна. На сите овие случувања Сојузот на тутунарски здруженија, немо си молчи и не реагира, а е најповикана институција да не заштити бидејќи ги користи нашите средства. Заради сите овие настани ИО донесе едногласна одлука да го повика министерот на итна средба со откупувачите, на која го повикуваме и премиерот да присуствува, бидејќи тутунарите се оставени сами на себе во оваа реколата и никоја од институциите не им излезе во пресрет во нивна заштита. ИО нема да дозволи да се молчи за овој проблем, напротив јасно и гласно ќе излезе во одбрана и заштита на тутунарите, стои во соопштението на Игор Мирчески од ИО на „Тутунари на Македонија“

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close