вести

Фабрика за домати ќе се гради од стаклени тегли

Идната година еден од најголемите светски брендови за производи од домати ќе го лансира новиот концепт – архитектура од домати. Mutti е италијанска компанија која процесира околу 300.000 тони домати годишно. Компанијата сега ги откри плановите за нова фабрика и ново седиште кои ќе бидат направени од илјадници стаклени тегли.

GreenMatters пишува дека дизајнот е дело на Carlo Ratti Associati. Градбата со површина од околу 2,3 квадратни километри и ќе ја замени постојната фабрика. Исто така, новата фабрика ќе биде отворена за посетители односно за „домат туризам“. Ѕидовите направени од полупровидни стаклени тегли ќе ги има и во центарот за посетители, а логото на Mutti ќе биде поставено на ѕидот и дигитално ќе биде осветлено ноќе.

Центарот за посетители исто така ќе има ресторан, аудиториум, контролна соба во која ќе можат да се видат процесите во фабриката, а на терасата на покривот посетителите ќе можат да видат како милиони домати се тураат во базени за миење, Со други зборови, новата фабрика ќе биде многу повеќе од обична фабрика – таа ќе биде посветена на уметноста на процесирањето на доматите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close